Home » Тошковски го посети граничниот премин Табановце

Тошковски го посети граничниот премин Табановце

by Журнал

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил граничниот премин Табановце каде на лице место ја утврдил фактичката состојба поврзана со преминувањето на границата на возила и патници кон соседна Србија, соопштија од МВР.

Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин, се наведува во соопштението, Тошковски бил известен дека сѐ се одвива во најдобар ред согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името “Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

Од страна на министерот Тошковски било потенцирано она што во изминатите денови го соопштивме како министерство, се додава во соопштението, а тоа е правото на граѓаните доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

– Исто така, министерот кратко ги поздрави и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдија дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено и во таа насока се заблагодари за одличната соработка која ја имаме како министерства, соопштија од МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk