Home » Тошковски: Единствен начин да се нормализира хаосот со патните исправи е пратениците од СДСМ и ДУИ да го изгласаат Законот за патни исправи

Тошковски: Единствен начин да се нормализира хаосот со патните исправи е пратениците од СДСМ и ДУИ да го изгласаат Законот за патни исправи

by Журнал.мк

Има само еден начин да се нормализира работата и тоа уште од утре. Нека седнат пратениците од ДУИ и СДСМ во Собрание, нека гласаат за измена на Законот за патни исправи и само така ќе може да се нормализира состојбата со вадење патни исправи во Македонија“, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на тв Канал 5, повторно повикувајќи ги пратениците од СДСМ и ДУИ да ги поддржат предложените законски измени на Законот за патни исправи коишто веќе се доставени до Собранието.

Тошковски укажа на загриженост од страна на нашите меѓународни партнери за проблемот со патните исправи, кои биле истакнати и на состанокот којшто го одржа Комитетот за патни исправи на Европската Комисија. Во официјалниот допис по одржаниот состанок на 13.02.2024 година гласи: „Земјите членки изразуваат разбирање за прашањето и волја за надминување на проблемот преку изнаоѓање на практично решение во најкус можен рок. Претставникот на еден од директоратите повтори дека на одржаниот состанок на Комитетот за патни документи било докажано разбирање и флексибилност меѓу земјите членки во однос на техничката природа на прашањето. Со оглед дека само Грција ги известила дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата, во принцип тоа би значело во моментот граѓаните на Македонија можат да влегуваат и излегуваат во други земји членки на ЕУ, но со укажување дека конечната одлука за прифаќање на старите пасоши на самата земја членка на ЕУ“, цитира Тошковски.

На активниот телефонски број за закажување за вадење нови лични документи во овој момент има 75.000 нови закажувања за фотографирање. Министерот Тошковски додава и дека во текот на изминатите денови се направени презакажувања за дополнителни 56.000 лица коишто претходно имале закажано термин за фотографирање за во месец јуни, јули или август.

Системските измени коишто ги воведе МВР и ставање во функција на пунктот Пролет го зголеми капацитетот на лица коишто секојдневно се фотографираат за патни исправи со новото име на државата. 63.297 граѓани само од Скопје се фотографирани во период од 18 работни дена во февруари. Тошковски ја спореди оваа бројка со бројот на фотографирани во декември и јануари и тоа во период од 23 работни денови во месецот и 49.000 граѓани фотографирани за патна исправа, лична карта и возачка во декември и 53.445 во јануари.

„Разликата е евидентна. Ова не е чудо кое што сме го направиле, но факт е дека го зголемивме капацитетот и работиме во интерес на граѓаните на Македонија“, вели министерот Тошковски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More