Home » Тошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација, жестоко ќе одговориме

Тошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација, жестоко ќе одговориме

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвиците кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

– Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата, рече министерот.

Дополни дека МВР во изминатиот период има отворено голем број на истраги.

– Потребно е време за во рамки на една законита процедура, почитувајќи ги сите правила и принципи на законито однесување од страна на секој еден кој што е инволвиран во рамки на овие предистражни, истражни постапки кои што сме ги презеле и ќе ги преземаме во иднина. Но, резултати ќе има. Таму каде што имаме докази, дека е прекршен законот и одредени стандардни оперативни процедури. Таму каде што ќе имаме докази дека душмански е краден македонскиот народ, соодветно ќе одговориме, со кривични пријави и со кривични постапки. Таму каде што ќе немаме докази, ќе си биде исто така соодветно постапено, посочи тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk