Home » Тошковски: Бонус плата за 6.241 лице вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024

Тошковски: Бонус плата за 6.241 лице вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024

by Журнал.мк

Денеска на 6.241 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часа прекувремена работа во текот на 2024 година им беше исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 41.239 денари. Сите средства се обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Една од главните стратешки цели кои ги имаме поставено е враќање на достоинството на полициската професија и благородноста на повикот да се работи за својата држава, своите граѓани и нивната безбедност и сигурност. Исто така, со покачувањето на платата од 10% за сите вработени во МВР кое се реализираше овој месец, направивме чекор кон подигнување на социјалниот статус на полициските службеници бидејќи само задоволни полициски службеници можат да бидат вистински столб на безбедноста на граѓаните и државата, пишува Тошковски во својата објава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk