20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Top Gear: „Ова е најзабавниот електричен автомобил“

Најчитани вести

Приватната патека на Ферари, La Pista di Fiorano, слави половина век постоење, а сега на неа стасал и првиот електричен автомобил.
Станува збор за Ferrari 250 Testa Rossa, но во малку поинаков размер и со електричен погон. Кога ќе кажеме дека зад овој автомобил стои Little Car Company, работите стануваат појасни. Во секој случај, малкумина очекуваа овој мал автомобил да стигне до познатата патека.

Тој беше донесен од Top Gear и Оли Кју на воланот. Бидејќи Ферари го одложи производството на ваквата реплика, се создаде можност малиот автомобил со слаб погон да се појави во друштво на најбрзите во светот и да го тестира овој речиси свет асфалт.

Поточно, се работи за 16,2 КС максимална моќност и максимална брзина од 80 km/h. И за разлика од Baby Bugatti, оваа играчка е забележливо повеќе податлива, објаснува Кју. Имајте на ум дека оваа оригинална реплика чини дури 94.000 евра.

„Ова возило прекрасно се справува. Многу е стабилно и има некои од карактеристиките на голем спортски автомобил“, објаснува Кју. Истовремено, тој предупредува дека наглото ослободување на гасот ќе доведе до подуправување, а доколку се претера со гасот, тоа ќе доведе до преуправување. За пофалба се и сопирачките.
Рекордот во кругот го држи Ф1 болидот Ферари 2004 година, управуван од Михаел Шумахер со време од 1:19 мин. Електричниот „Ферари“ ја заврши трката за 2:26,97 мин, што е доволно за да биде првиот и најбрз електричен автомобил на патеката на Ферари. Тоа не е најбрзиот автомобил, тој е непристојно скап за играчка, но е „најзабавниот електричен автомобил“, заклучија од Top Gear.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com