-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

„Top Gear“ го прогласи автомобилот на годината, името на победникот изненади многумина

Најчитани вести

Емисијата „Top Gear“ секоја година традиционалнo избира најдобар автомобил и тоа во неколку категории, а овојпат изборот паднал на спортскиот „Hyundai i20 N“.

Автомобилот го придвижува 1,6-литарски турбо-бензинец со 4 цилиндри кој произведува 204 коњски сили и 275 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со 6-степен мануелен менувач и механички диференцијал за ограничено лизгање, а силата се пренесува на предните тркала.

Максималната брзина која „Hyundai i20 N“ може да ја достигне е 230 километри на час, а до „стотка“ стигнува за одлични 6,7 секунди.

„Top Gear“ исто така ја прогласи автомобилската компанија „Hyundai“ и за произведувач на годината, благодарение на моделите како „i20 N“, „i30 N“, „Kona N“, „Nexo“ и целосно електричниот „Ioniq 5“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com