Home » Топ 3 најплатени српски актери: Еден од нив заработил над 200.000 евра од само еден филм, а на ден заработуваат вртоглава сума на пари

Топ 3 најплатени српски актери: Еден од нив заработил над 200.000 евра од само еден филм, а на ден заработуваат вртоглава сума на пари

by Журнал

Многу од актерите отворено зборувале за своите примања, сметајќи дека нивните заработки не се доволни.

Се шпекулирало дека актерите имаат „бедни плати“ во театар, а дека ниту проектите на големите екрани не се нешто од што можат да заработат многу пари. Сепак, сега ситуацијата е прилично поразлична.

Листа од најплатени српски актери:

1. Предраг Мики Манојловиќ

Мики со години е најплатениот српски актер, како што тврдат соговорници за српски „Курир“, а тој и натаму ја држи највисоката цена од ден за снимање.

2. Милош Биковиќ

Освен тоа што е на врвот од својата слава и што станал омилен актер којшто припаѓа на помладата гарда актери, Биковиќ станал и најбараниот актер, а со самото тоа и најплатениот. Зад себе има еминентни актерски улоги, додека пред него е светлата иднина.

Освен во Србија, Биковиќ е многу баран и на рускиот пазар. После низата актерски улоги кои ги направил во Србија, актерот доживеал планетарна популарност. Снимајќи го филмот „Слуга“, за еден ден на сет заработувал околу 5.200 евра. Снимањето на филмот траело 39 дена, па доколку тоа се земе предвид, Биковиќ заработил над 200.000 евра.

3. Александар Берчек

Актерот зад себе има богата кариера и големо искуство, па не е ниту чудно што се нашол на листата најплатени. Наводно, неговиот хонорар од ден за снимање изнесува до 3.000 евра.

Секако, неизоставен дел од оваа листа се и актерите: Никола Ѓуричко, Вук Костиќ, Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, Милан Мариќ.

Хонорарите по снимање од ден во просек се движат околу 1.500 евра, додека звучните актерски имиња добиваат значително повеќе.

Висината на хонорарот зависи од самиот проект на којшто се работи, договорите и не се толку транспарентни, додека ситуацијата во театарот е нешто поразлична.

Платата на актерите под услов да се во постојан ангажман изнесува од 50.000 до 80.000 динари. Хонорарните актери добиваат многу помала сума на пари која се движи од 2.000 до 30.000 динари од улога.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk