6 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Топ 10 најпродавани модели во Европа

Најчитани вести

Веќе 44-та година по ред, најпродаваниот модел во Европа е ист – Volkswagen Golf, според Focus2move. Резултатите се однесуваат на 44 пазари на Стариот континент, вклучувајќи ги и рускиот, украинскиот, турскиот и молдавскиот.

VW Golf има цврство водство, така што скоро и да нема шанси нешто да се смени кога ќе се вкалкулираат и резултатите од декември. Од моделот се продадени 427.490 единици, што е намалување за 10% во однос на минатата година. Пад, веројатно ќе го надомести новата генерација на Golf, чија продажба започна во декември.

На второ место е Renault Clio со продадени 318.297 единици (-5,4%), а на третото место е Volkswagen Polo со 306.571 единици (-12%). На четвртото место е најпопуларниор кросовер во Европа – Volkswagen Tiguan со 278.919 единици (+ 1,7%), додека на петтото место е Škoda Octavia со 242.204 единици (-0,9%).

Многу блиску до бестселерот на Škoda е Nissan Qashqai со 238.055 продажби (-8%), а потоа следат Ford Focus – 226.369 (+10%) и Ford Fiesta – 220.471 (-15,1%). Последните две позиции од Топ 10 се за Opel Corsa – 219 327 (+ 5,3%) и Citroen C3 – 217.769 (+ 1%).

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести