Home » Толку од „пониските“ цени: Заврши владината мерка за ограничена маржа

Толку од „пониските“ цени: Заврши владината мерка за ограничена маржа

by Журнал.мк

Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка кошничка“. Со владината одлука намалени беа цените на 73 основни прехранбени производи.

Од Сојузот веќе излегоа со став за мерката есенска синдикална кошничка, не ги дала посакуваните резултати. Според податоците, вредноста на минималната синдикална кошница за октомври е за 57 денари помалку од таа во септември. Односно, на едно четиричлено семејство месецов му биле потребни 61.249 денари за покривање на основните месечни потреби.

Во наредниот период од Владата најавува потрошувачки кошнички кои ќе бидат активни пред и за време на празниците. Токму кога цените на основните прехранбени производи вообичаено се зголемуваат, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во септември, Владата на седница ја донесе мерката за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите на прес-конференцијата по повод 100 дена од работењето на новата Влада го изнесе нејзиниот личен став дека не се согласува со оваа мерка бидејќи државата нема доволно капацитети да го контролира применувањето на мерката. За Димитриеска-Кочоска, ефектите ќе се почувствуваат со Законот за нефер трговски практики. – Јас веќе ова го коментирав и го изјавив.

Со Законот за нефер трговски практики опфатени се околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk