Претседателот на Казахстан денеска го именуваше Алихан Смаилов за премиер на Казахстан, соопшти претседателската прес-служба.
– Со оваа уредба го именувам Смаил Алихан Ашанович за премиер на Република Казахстан – се наведува во указот, а го пренесува руската агенција ТАСС.
На 5 јануари, во светло на ескалацијата на протестните собири, казахстанскиот претседател ја прифати оставката на претходната влада предводена од Аскар Мамин.
Смаилов (49) е прв вицепремиер од мај 2020 година.