Home » Тим Кук најави претставување на нов производ за следната недела

Тим Кук најави претставување на нов производ за следната недела

by Журнал.мк

Најавата на Марк Гурман дека Apple оваа недела ќе ја претстави четвртата генерација од поевтиниот iPhone SE не се оствари, но со оглед на тоа што човекот ретко пушта неточна информација, очекувавме дека нешто ќе биде претставено овој период.

Тим Кук, директорот на Apple, во не толку карактеристичен стил за компанијата и него, најави претставување на нов производ за следната недела, односно во среда 19 февруари.

Очекувано за овој вид на објави, односно „тизер“ објави, нема информација за што е тоа што можеме да го очекуваме, па останува само да претпоставуваме.

Првата реакцијата на повеќето беше дека ќе биде претставена нова генерација од AirTag уредот, поради анимираната слика која ја објави Кук, но Гурман добро истакнува дека мали се шансите дека директорот на компанијата ќе најави вака претставување на уред од 30 долари.

Тој останува на најавите дека Apple планира да ја претстави најновата генерација од iPhone SE, па ќе видиме што навистина ќе испадне точно.

Поради споменувањето на најнов член на семејството, според некои Apple можно е да претстави целосно нов производ, со оглед на тоа што iPhone SE не би бил нов член, веќе им е достапен на корисниците.

Затоа се верува дека Apple следната недела може ќе го претстави неофицијално најавуваниот паметен монитор со кого планира повеќе да влезе на пазарот на паметните домови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk