TikTok лансираше нов сет опции за лична контрола на содржината, вклучувајќи AI-филтри за клучни зборови и прилагодување на теми, заедно со водич за персонализација на „For You“ фидот
На 3 јуни, TikTok претстави нова колекција алатки за дигитална самозаштита, кои им овозможуваат на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува на страницата „За тебе“ („For You“). Целта на овие промени е да се подобри личното корисничко искуство, да се овозможи подобро откривање на содржини што навистина ги интересираат корисниците и да се намали присуството на несакани објави.
Управување со теми
Една од клучните новини е опцијата Manage Topics, со која корисниците можат да ја прилагодат зачестеноста на прикажување содржини од повеќе од десет популарни категории — вклучувајќи патувања, природа, спорт и креативни уметности.
На овој начин, корисникот може прецизно да го подеси алгоритамот да му нуди повеќе од она што го сака, а помалку од она што не му е релевантно.
AI-филтрирање на клучни зборови
Уште поважна е надградената функција Keyword Filtering, која сега користи вештачка интелигенција за да препознае синоними и сродни изрази. Филтерот поддржува до 200 клучни зборови, овозможувајќи попрецизно избегнување на несакани содржини.
Нов водич за безбедност
Како дел од овие промени, ТикТок објави и ажуриран водич за безбедност и персонализација на фидот, кој им помага на корисниците подобро да разберат како функционира алгоритамот на „For You“ и како самите да го прилагодат.
For You е срцето на TikTok искуството. Неговата персонализација е клучна за задоволството на корисниците и за здравата дигитална интеракција“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата, пренесува ABC.
Континуирана грижа за благосостојбата на корисниците
Овие алатки доаѓаат откако во март TikTok ги ажурираше опцијите за Family Pairing, со кои родителите можат подобро да управуваат со профилите на своите тинејџери. Воведени се функции како Time Away, со која родителите можат да го ограничат пристапот до апликацијата во одредено време, како и алатки за видливост на листата на следбеници.
ТикТок нагласува дека овие новини се резултат на повратни информации од корисниците и консултации со експерти, и се дел од поширока стратегија за зајакнување на дигиталната писменост, транспарентноста и безбедноста на платформата.