Home » „Тигрите“ го извлекоа дедо Павле од снег од Галичник со хеликоптер

„Тигрите“ го извлекоа дедо Павле од снег од Галичник со хеликоптер

by Журнал.мк

Алпинистички тим на полициските „Тигри“ со полициски хеликоптер организираа успешна акција за спасување на дедо Павле Луканоски (78), повозрасен болен и изнемоштен човек од Галичник, до каде поради снежни наноси можело да се пристапи само од воздух. Тој е упатен на лекување во Скопје, а од Месната заедница Галичник упатија благодарност до Центарот за управување со кризи и полицискиот тим за спасувањето на дедо Павле, постојан жител на Галичник.

Од МВР велат дека бил упатен повик до Центарот за управување со кризи, по што била побарајна помош од полициските единици за евакуација на болен и изнемоштен човек од село Галичник.

За кусо време била активирана Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР и човекот пред 10 часот утрово бил извлечен од селото, каде поради снежните навеви на патиштата, „тигрите“ биле принудени да се спуштат користејќи специјална опрема со која потоа е кренат човекот и со хеликоптерот транспортиран до болницата „8 Септември” во Скопје.

„Во невозможност медицински екипи да пристигнат во Галичник поради големи снежни наноси, извлекувањето е направено со имобилизација и повлекување од воздух. Дедо Павле безбедно пристигна во Скопје, згрижен е во болница Септември и му посакуваме брзо закрепнување”, испрати порака до јавноста Месната заедница Галичник.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More