Home » Тиери Анри: Чави, а не Ханси Флик, ја почна новата ера на Барселона

Тиери Анри: Чави, а не Ханси Флик, ја почна новата ера на Барселона

by Lina Muslija

Барселона, вчера во Белград, ја победи Црвена звезда со 5:2, урна клупски рекорд стар 74 години и покажа дека во моментов е во најдобра форма од сите клубови на стариот континент.

Барселона на тренерот Ханси Флик, во првите 16 натпревари во сезоната постигна 56 голови. Поранешниот напаѓач на Барселона, Тиери Анри, кој е коментатор на Си-би-ес, смета дека новата ера на Барселона започнала со претходникот на Флик, Чави Ернандез.

„Мислам дека новата ера не започна со Ханси Флик… туку со Чави. Флик го продолжи она што го започна Чави.

Чави им даде шанса на Кубарси, Јамал… и многу други играчи. Кога играте заедно две години, кога ќе поминете тешка сезона каква што беше минатата, тогаш учите многу за вашиот карактер и што можете да направите.

Мислам дека овој тим заслужува да биде вклучен меѓу фаворитите за титулата во Лигата на шампионите. Имаат квалитет да стигнат до самиот крај“, изјави Анри.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk