Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч (МВП) за месец ноември во Евролигата.
Кошаркарите на Париз имаат одлична сезона во клупското натпреварување во кое дебитираат. Моментно се на првата позиција на табелата со девет победи.
Плејмејкерот на францускиот клуб во ноември во пет мечеви имаше просек по 19,6 поени и забележа 8,4 асистенции.
Индексот на корисност во тие натпревари во кои Париз остваруваше победи беше 25,2.
Париз во изминатиот месец ги совлада Партизан и Жалгрис пред своите навивачи, потоа следуваа триумфи над Барселона и Анадолу Ефес на гости, како и уште една победа против Виртус на домашен терен.