Полни 68 минути, легендарни имиња како Carl Cox и Fatboy Slim зборуваат за своите искуства.
Овој долгометражен документарен филм ја раскажува историјата на сцената на островот од хипи дружење од 1970-тите до број еден клабинг дестинација во светот.
Носи интервјуа со сопственици на локални клубови, промотори и локално население кои ја раскажуваат приказната за модерната Ibiza.
Пренесени се ставовите и на актуелниот директор за туризам на Ibiza, Juan Miguel Costa, кој зборува за влијанието на Covid-19 кризата врз економијата и ноќниот живот на островот.