Home » Тетратки по 60 денари наместо по 39 денари: Дава ли ефект мерката на Владата за пониски цени на училишниот прибор?

Тетратки по 60 денари наместо по 39 денари: Дава ли ефект мерката на Владата за пониски цени на училишниот прибор?

by Журнал.мк

Мерката „Помалку трошоци повеќе за тебе“ која ја промовираше премиерот Христијан Мицкоски ден по почетокот на учебната година, некаде не го дава очекуваниот ефект, затоа што дел од училишниот прибор се уште се продава до стара, а некаде и по нова повисока цена.

Согласно одлуката на Владата по пониски цени треба да се продаваат тетратки, боици, ранци, фломастери, острилки, ножици, шестари, дигитрони, креди, табли, пластелин, острилки, гуми за бришење, а инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од минатиот четврток контролираат дали трговците ја усогласиле цената на производите.

Во дел од супермаркетите во Скопје, цените на приборот се променети, но не во корист на граѓаните. На пример, една тетратка од „А5“ формат по широки линии пред почетокот на годината се продаваше 39 денари, а сега после мерката нејзината цена е 60 денари.

Граѓаните велат дека цените не се намалени, а трговците тоа го правдаат со повисоките набавни цени.

Одлуката се однесува за ранци и ташни, тетратки, блокови, нотеси, колажи, моливи и пенкала, дрвени боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и маркери, мрсни боици, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, етуи и училишни додатоци, лепак и шестари, дигитрони, компаси и лупи.

-Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат – соопшти директорот на ДПИ, Горан Трајковски на неговиот Фејсбук-профил.

Ако се прекрши Одлуката, Трајковски потсетува дека ќе има казни од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот.
Највисоката трговска маржа што ја утврди Владата ќе се применува до 20 октомври годинава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk