Home » Тетовскиот сојуз на борци од НОБ поднесе иницијатива за оценување на уставноста за преименување на улиците во Тетово

Тетовскиот сојуз на борци од НОБ поднесе иницијатива за оценување на уставноста за преименување на улиците во Тетово

by Журнал.мк

Тетовскиот сојуз на борците од НОБ до Уставниот суд во Скопје поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлука на Советот на Општина Тетово од 24 април 2007 година, која се однесува на промена на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.

Очекуваат Уставниот суд да ја укине одлуката бидејќи, како што образложуваат:

„Одлуката е спротивна на членовите 7, 8 и 51 од Уставот на Македонија, како и на членовите 5, 6, 7 и 8 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, како и на член 6 став 3 од Законот за употребата на македонскиот јазик.“

Спорноста на одлуката, како што наведуваат од Сојузот, лежи во на нејзината едностраност, односно нејзино носење без исполнување на законскиот услов кој предвидува претходна согласност од Владата. Дополнително, одлуката е незаконска бидејќи, како што се додава, Општина Тетово за одредени улици утврдила име користејќи странски јазик, а истото е испишано на кирилско писмо, иако и Уставот и Законот за употреба на македонски јазик налагаат имињата на улиците да бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

„Оттаму, незаконски е улица да се вика ‘Конгреси и Манастирит’, или ‘Дешморет е комбит’, бидејќи истите се напишани на албански јазик, но на кирилско писмо. Правото на граѓаните кои се од малцинска заедница која е застапена со над 20 отсто од населението името на улицата да биде испишано и на нејзиниот јазик е сосем друг тип на јазично право, но Законот е јасен и налага соодветна употреба на македонскиот јазик“, се додава во соопштението на Сојузот на борците НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово.

Сојузот на борци од НОБ објави дека ќе поведе институционална борба против иницијативата за преименување на улиците во Тетово откако со таква најава неодамна излезе градоначалникот Билал Касами.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk