Home » Тетово домаќин на Балканско првенство во одбојка на песок

Тетово домаќин на Балканско првенство во одбојка на песок

by Журнал.мк

Тетово ова лето ќе биде домаќин на Балканско првенство во одбојка на песок, а оваа вест беше потврдена денеска на средбата што ја имав во Општина Тетово со претседателот на Одбојкарската федерација на Северна Македонија, Петар Јовановски и неговиот тим. Тетово е подготвено и има полн капацитет да пречека екипи од 11 земји, во женска и машка категорија, натпревари кои за првпат се одржуваат во нашиот регион. Го уверив претседателот на ОФМ дека Општина Тетово ќе ги стави на располагање сите капацитети и во соработка со ОФМ ќе биде пример како може да се организираат натпревари во одбојка во повеќе дисциплини за кои има голем интерес. Овој настан е добра можност да се промовира одбојката на песок, да се промовира нашата општина и да се поттикне развојот на спортските активности и туризмот!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk