На 14.06.2025 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Д.(45) од Тетово поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Подоцна во полициска станица и физички нападнал еден од нив.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.