Home » Тетовец крадел струја, на бандера поставил механичко броило

Тетовец крадел струја, на бандера поставил механичко броило

by Журнал.мк

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(49) од село Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

На 04.07.2024, вработени во ЕВН-Тетово извршиле контрола на електрични броила на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, при што било констатирано дека пријавениот на бандера пред куќа поставил механичко броило без одобрение на ЕВН со што користел електрична енергија без контрола и мерење на потрошена електрична енергија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk