Полициски службеници од СВР Тетово вчера вечерта го лишиле од слобода П.С.(25) од Тетово.
Полицијата, информираат од тетовската полиција, постапила по претходна пријава дека околу 13.30 часот во кругот на Клиничка болница во Тетово физички ја нападнал 18 – годишната сестра на неговата сопруга од тетовско село.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.