Home » Тетовчани на протест поради ѕверското убиството на кучето

Тетовчани на протест поради ѕверското убиството на кучето

by Журнал.мк

Денеска во 11 часот на булеварот Благоја Тоска во Тетово, ќе се одржи мирен протест поради ѕверското убиство на куче, со негово приморување да се фрли од седми кат од зграда.

Загрижените жители на овој град бараат ѕверството над таа несреќна бездомна душа да се казни со најстрога казна затвор.

„Само во Македонија може да помине неказнето екстремно насилство врз бездомно животно кое длабоко потресе илјадници граѓани, очевидци и нанесе страотно страдање и болна смрт на несреќно животно . Убивте бездомно мирно куче, убивте човеков најдобар пријател. Само во Македонија може мирно да се преспие и институциите да не превземат ништо! Ова што се случи во нашиот град е непростлива суровост над невино живо битие од страна на инвеститорот на зграда во изградба и службени лица, пожарникари, кои секаде во светот се синоним за хуманост – а тука кај нас во Тетово, Македонија ставиле пред свршен чин преплашено куче да се фрли од зграда за да им избега и да се спаси“, велат организаторите на протестот.

Бараат итна и најстрога казна за сите инволвирани, кои најгрубо прекршиле десетина закони, пред се кривичниот закон и преку страдањето и убиството на ова бездомно куче предизвикале опасност по живот на секој минувач.

Доколку итно МВР, АХВ, Обвинителство не постапат, ќе се погрижиме цел свет да види како завршуваат животните во Тетово и Македонија, се додава во соопштението за протестот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More