8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Tesla се пофали дека ја исполнила продажната проекција за 2020 година

Најчитани вести

Американската компанија Tesla Motors прва ги објави продажните резултати за веќе заокружената 2020 година и потенцира дека успеала да стигне до проектираната бројка од страна на менаџментот.

Tesla најави дека планира да продаде половина милион автомобили во 2020-та, а сега објави дека годината е завршена со продадени 499.550 примероци од неколкуте модели кои ги продава.

Само во последниот квартал, Tesla испорачала 180.570 автомобили, а на годишно ниво бележи раст од 36 проценти, што е солиден резултат посебно во услови на пандемија кога сите производители имаа сериозни проблеми, па дури привремено ги затворија и фабриките.

Растот на продажбата е базиран на почетокот на производството на Model 3 во Кина, како и вклучувањето на Model Y во понудата, со што Tesla стигна до нови купувачи во популарниот сегмент.

Комбинацијата Model 3/Model Y донела 454.932 продадени примероци, додека останатите 57.039 се Model S/X.

В0 2020 година, Tesla доживеа голем раст и на берзата, па една акција на компанијата стигна до цена од 700 долари, наспроти околу 100 долари пред една година, со што компанијата стана и број еден во автомобилската индустрија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести