1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Tesla Model 3 најпродаван автомобил во В.Британија минатиот месец

Најчитани вести

За прв пат Tesla Model 3 е најпродаван автомобил во Велика Британија земајќи ја во предвид продажбата во јуни. Овој целосно електричен автомобил успеа да ги покори оние со внатрешно согорување и испорача 5.468 нови автомобили.

Volkswagen Golf и Ford Puma со продажба од 4.629 односно 4.477 нови автомобили се наоѓаат на втората и третата позиција, а во најпродаваните десет автомобили во Велика Британија се наоѓаат уште и: Vauxhall Corsa (4.375), Ford Fiesta (3.811), Volkswagen Polo (3.752), Toyota Yaris (3.546), MINI (3.506), BMW 3 Series (3.048) и Kia Sportage (2.947).

Сепак одличната продажба на Tesla не е доволна за Model 3 да се најде во најпродаваните 10 автомобили во првата половина од годината. На оваа листа доминира Vauxhall Corsa со продадени 24.399 примероци, а во најдобрата петорка се наоѓаат уште и Ford Fiesta (21.511), Volkswagen Golf (19.608), Mercedes-Benz A (19.498) и Ford Puma (18.232).

Инаку минатиот месец во воаа земја беа продадени 186.128 нови автомобили што претставува пораст од 28% во споредба со истиот месец минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести