Теslа го лансираше GigaBier нов продукт што ќе се обиде да се позиционира што подобро помеѓу пивата, односно помеѓу љубителите на оваа „капка“ пијалак…
Ограничената серија на пиво се произведува во Германија, а доаѓа во кутија со три стилски префинети шишиња од 333 ml.
Значи, пакувањето содржи вкупно околу литар пиво со 5% промили на алкохол, кое се „приготвува за киборзи, го прават луѓе“, а кое се нуди по цена од 89 евра.
Веднаш е јасно дека дизајнот на шишињата во голема мера се потпира на Cybertruck, што е наведено во описот на пивото.
Тие се однесуваат на 500-годишната традиција на германскиот закон за чистота на пивото (Reinheitsgebot).
Како што потсетуваат информативните портали, Tesla го најави своето пиво уште во 2021 година, кога Илон Маск (Elon Musk) најави производство на пиво, но и изградба на железничка станица внатре во фабриката.
Теsla не е единствениот производител кој се обидел во индустријата за пијалаци и храна.
Само како еден вид споредување ќе спомнеме дека Volkswagen ги произведува своите колбаси currywurst од 1973 година