2.8 C
Skopje
17 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТешко зацелуваат лузните кај повредените во страотниот пожар во Пулс

Тешко зацелуваат лузните кај повредените во страотниот пожар во Пулс

- Advertisement -spot_img

Сто четириест и три повредени во пожарот во кочанската дискотека Пулс ја поминале реевалуацијата од страна на проширеен тим на специјалисти лекари од кочанската и клиничките центри во Скопје, кои се вклучени во лекувањето и рехабилитацијата на младите луѓе од Кочани, но и од останатите општини во регионот. Во тек е обработката на податоците, а според првичните проценки кај голем дел од повредените е завршено лекувањето. Директорката на Општата болница –Кочани, Катерина Паниќ Мирчевска вели дека станува збор за повредните млади луѓе, кои биле краткотрајно во болница, односно биле со полесни повреди. Од страна на болницата биле повикани сите пациенти кои се јавиле на првата евалуација, но на реевалуацијата се одзавале 143 повредени.

– Тоа е еден динамичен процес, којшто не престанува. Ние не ги оставаме, не се заборавени. Значи следењето си е контиунирано и во однос на тоа понатака, како ќе биде следењето, кој треба и кој од нив има потреба да бидат следени од пулмолог, значи ќе треба да ги преземат колегите од пулмологија. Оние што имаат потреба од третмани на лузните во смисла на само корекција од дерматолог ќе бидат исто така превземени од Клиниката за дерматовенерологија, вели Паниќ Мирчовска.

Во кочанската болница во моментов на физикалната терапија се јавуваат од 20 до 30 повредени, а дел од пациентите кои се вратени на своите работни обврски или едукација на терапија континуирано одат и во болницата во Штип, но и во Градската болница 8 ми септември и во Козле во Скопје. Директорката на кочанската болница, Мирчовска вели дека за оние повредни млади луѓе, кои имаат потреба од корекции на лузните по нивното тело или лице во странство, ќе одлучува конзилум од лекари.

– Tреба да се направи пообемен план во однос на тоа дали лекарите ќе бидат донесени. Значи специјалисти од одредени области ќе бидат донесени во Македонија или повредените би биле испратени, за нешто што не може да се направи кај нас, да бидат испратени и во кои Центри биле испратени. Повторно ќе кажам се зависи од тоа и доколку треба, ќе се контактира соодветниот Центар дали ќе може да го прифати. Сепак тоа е малку посложен процес, вели Мирчовска.

Инаку македонските здравствени власти во процесот на лекување и рехабилитација на повредните во пожарот во кочанската дискотека вклучија и лекари специјалисти по физикална терапија од Велика Британија, пластични хирурзи од Белгија, кои во текот на месецот и тие ќе направат повторна евалуација на повредните, за да се утврди какви насоки треба да се преземат. Се следи и сосотојбата на повредените со пулмолошки повреди од вдишувањето на чадот, дел од нив завршиле со лекувањето во Јасеново и какошто вели Мирчовска знаат дека доколку имаат било какви здравствени проблеми лекарите се тука за нив.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img