Home » Тешко повреден скопјанец поради недоразбирање во сообраќајот

Тешко повреден скопјанец поради недоразбирање во сообраќајот

by Журнал.мк

Кривична пријава против двајца скопјани откако едниот од нив со тврд предмет му нанел тешки телесни повреди на Ф.К., додека другиот на истото лице му нанел повеќе убодни рани.

Првопријавениот, Е.А. (31), е обвинет за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, додека второпријавениот, Е.И. (24), се соочува со обвинение за „учество во тепачка“ за настан кој се случил на 14 март оваа година.

Според информациите од полицијата, конфликтот настанал поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Второпријавениот со тврд предмет му нанел повреда на оштетениот Ф.К., додека првопријавениот, во текот на инцидентот, со нож му нанел повеќе убодни рани на истото лице, од кои Ф.К. се здобил со тешки телесни повреди.

Полицијата продолжува со истрагата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk