Уште еден мотоциклист настрада на скопските улици.
– На 28.05.2025 во 10.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(49) од Скопје, и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(28) од Скопје, соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.