Тешка сообраќајна несреќа рано утринава се случила во населба Усје на булеварот Борис Трајковски.
Како што се гледа од фотографиите во несреќата учествувало едно патничко моторно возило марка Цитроен. Возилото не беше во возна состојба па така мораше да биде отстрането од улицата од страна на екипа на АМС.
На лице место имаше и полиција која правеше увид во несреќата.
Според нашите информации нема потешко повредени.
Повеќе детали во текот на денот.