Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје -Тетово, загина 19-годишна девојка.
-Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 часот лекар констатирал смрт, соопшти денеска МВР.