Home » Тешка ноќ во Украина: Шест лица повредени во руски напади, меѓу кои и едно дете, уништени се 10 куќи

Тешка ноќ во Украина: Шест лица повредени во руски напади, меѓу кои и едно дете, уништени се 10 куќи

by Журнал.мк

Русија синоќа изврши воздушни напади врз 10 региони на Украина, а шест лица побараа медицинска помош, меѓу кои и едно дете, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.

Тој на Телеграм напиша дека руските сили со ракети и беспилотни летала нападнале енергетска инфраструктура, цивилни објекти и приватни куќи и објави дека се уништени околу 10 приватни куќи, а десетици други се оштетени, пренесува Интерфакс Украина.

Премиерот на Украина – Денис Шмихал изјави дека руските напади ја оштетиле енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Виница, Ивано-Франковск, Лавов, Черкаси и Черновци.

Тој изјави дека во некои области има итни прекини на струја.

Командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина – Николај Олешук претходно изјави дека руските сили синоќа извршиле напади врз енергетските капацитети на Украина, користејќи различни видови ракети и беспилотни летала, вкупно 99 средства за воздушен напад и дека украинската воздушна одбрана уништила 84 воздушни цели.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More