Home » Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово, загина 33-годишна жена, 6 лица повредени

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово, загина 33-годишна жена, 6 лица повредени

by Журнал.мк

Денеска околу 15.30 се случила сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.

„Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште.

Увид на местото извршува екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk