Home » „Тешка навреда од владата без легитимитет – човекот на Путин и негаторот на Сребреница, почесен гостин во Министерството задолжено за Охридскиот мировен договор“, велат од ДУИ

„Тешка навреда од владата без легитимитет – човекот на Путин и негаторот на Сребреница, почесен гостин во Министерството задолжено за Охридскиот мировен договор“, велат од ДУИ

by Журнал.мк

„Вчера, секој Албанец и секој граѓанин со достоинство во оваа земја се почувствува навреден, понижен и предаден. Со чин кој ги надминува сите граници на моралот и политичката логика, во зградата која треба да го симболизира Охридскиот договор и меѓуетничката хармонија, беше пречекан и почестен Милорад Додик – продолжената рака на Владимир Путин, човекот кој работи за поделба на Босна и Херцеговина и човекот кој го величи нечовечниот масакр во Сребреница“, велат од ДУИ.

„Како е можно човек изолиран од демократскиот свет, кој шири поделби и омраза, да биде официјално пречекан од влада која тврди дека ги претставува евроатлантските вредности и меѓуетничкиот мир?

Каква порака испраќа оваа влада до албанските граѓани, до семејствата на жртвите од геноцидите, до оние кои сè уште веруваат во правда и достоинство?

Овој чин е тежок удар за Охридскиот договор и за соживотот.

Присуството на Додик таму е шлаканица за жртвите на Сребреница, за Албанците и за секој граѓанин кој верува во слобода и еднаквост.

Тоа е порака која покажува дека оваа влада покрај легитимитетот, изгубила секоја чувствителност за историјата и за човечкото достоинство.

Ова е денот кога сите ние се почувствувавме навредени.

Денес, сите сме засрамени.

Оваа нелегитимна власт едноставно ги премина сите црвени линии.

Овој срам никогаш не треба да се заборави.

Ова е моментот кога треба да си потсетиме дека достоинството не се купува, а историјата не се простува.

За оние кои мислат дека можат да си играат со нашите чувства и вредности: грешите.

Ова ќе се памети, и нема да престанеме додека не го вратиме достоинството кое денес беше скршено пред нашите очи.

Денес, секој Албанец и секој чесен граѓанин на оваа земја е згрозен од ова предавство на нашите вредности и определби како општество“, соопшти ДУИ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk