Вејн Руни на почетокот на месец февруари откри дека намерно користел поголеми крампони на натпревар против Челси за да повреди противнички фудбалер, изјава поради која Фудбалската асоцијација покрена истрага и го контактираше најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед.
Руни како актуелен менаџер на Дерби брзо ја стави оваа епизода зад себе и одговорил на прашањата на луѓето од Федерацијата кои му забележале за изјавата, од која не се навредил ниту фудбалерот кој всушност беше жртва на еден негов старт на дербито во 2006-та година.
Џон Тери беше жртвата на нервозниот Руни на пресметката која се одигра на „Стемфорд Бриџ“, а на која Челси со победата од 3:0 ја обезбеди титулата.
– Секако дека не сум му лут и не му забележувам на Руни. Добро се познаваме и имавме толку многу тешки битки низ годините.
– Имав два конци на полувреме, но немаше шанси да не излезам на теренот во вториот дел и да ја освоиме Премиер лигата со победа од 3:0 над Манчестер Јунајтед, – вели Тери.