Теодора Џехверовиќ е една од многуте јавни личности кои и оваа година го прославија паганскиот празник „Ноќта на вештерките“.
Пејачката овој пат според многумина се надмина себеси со изборот на својот костим.
Тим експерти го нацртале и го насликале нејзиното голо тело за маската да изгледа што подобро.
Како што истакна таа, подготовката на костимот траела неверојатни седум часа:
– Оние кои ме следат знаат дека секоја година на 31 октомври се сликам за Ноќта на вештерките. Уживам во маскирање и ова е можност да го споделам со вас! Ова маскирање беше дефинитивно најкомплицирано досега.
„Ненормално долго време требаше да ги подготвам деталите што ми беа залепени, бидејќи не сакавме да правиме комбинезон, туку се да биде реално. Седум часа ме шминкаа и ме бојадисуваа, а јас уште толку долго морав да измивам се од себе“ – напишала и му се заблагодарила на тимот што соработувал со неа.