Италијанскиот весник Калчомеркато, тврди дека најновата идеја во Манчестер Јунајтед е дека доколку во јануари им замине Џејдон Санчо, а тоа оди во добар правец, неговото место да го добие Федерико Киеза од Јувентус.
Со оглед на сите проблеми кои Џејдон Санчо си ги предизвика сам во Манчестер Јунајтед и си направи конфликт со тренерот Ерик Тен Хаг, големи се шансите да го напушти наскоро Олд Трафорд.
Договорот на Федерико Киеза со Јувентус завршува во 2025 година, па можно е доколку играчот покаже желба да замине, да се договорат со Манчестер Јунајтед.
Киеза заработува неделно 80 000 евра, што е навистина симболика за Манчестер Јунајтед и по прашање на договор меѓу клубовите, можеби и има простор да се договорат само ако постои желба кај играчот за трансфер во тотално нова средина.