Home » Темата со финансирање на општините е болка за голем број градоначалници

Темата со финансирање на општините е болка за голем број градоначалници

by Журнал.мк

Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) – Штип денеска трет пат ја организираше конференцијата за децентрализација. На конференцијата „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“ учествуваа претседатели на Советите на општините, советници и граѓански организации.

Борис Шарковски од ФРЛЗ-Штип истакна дека на денешнава дебата се споделуваат искуства како општините ги консултираат граѓаните, кога зборуваат за проекти, кои ќе се финасираат.

-Денеска фондацијата за развој на локална заедница Штип трет пат ја организира конференцијата за децентрализација, насловена како „Децентрализација 3. 0.

Зајакнување на локалната демократија“ или конференција, на која што ги собравме заинтересираните, пред се општините, претседателите и советниците, граѓанските организации и сите граѓани заинтересирани да дискутираат за тоа, какво е граѓанското учество во носењето одлуки на локално ниво или накратко кажано како општините ги консултираат граѓаните кога зборуваат за проекти и кои проекти ќе се финасираат, вели Шаркоски.

Универзитетскиот професор Борче Треновски вели дека еден од главните проблеми за општините е како тие се финансираат.

-Значи во суштина долги години темата со финансирање на општините е болка за голем број градоначалници, па и за граѓаните, имајќи предвид дека финансирањето на оштините е близу со услугите кои ги добиваат граѓаните. Треба да кажеме јасно дека сите истражувања докажуваат дека имаат недостаток од финасии кај општините за да ги спроведат своите надлежности, рече Треновски.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов додава дека мора да почне во целост фискална децентрализација.

– Комуналните проблеми се едни со кои што се соочуваат граѓаните, а функционирањето на локалната самоуправа е пред се зависна од фискалната децентрализација.

Очекувам процесот на фискална децентрализација од година до година да се подобрува, а тоа значи повеќе средства за реализација на проекти на локално ниво, поголем развој на локалната заедница, инфраструктурен развој, нормално и подобрување на подобар живот во општините, вели Јорданов.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More