Home » Телото на лидерот на Хамас пронајдено во тунел во Газа

Телото на лидерот на Хамас пронајдено во тунел во Газа

by Журнал.мк

Телата на лидерот на Хамас во Газа, Мохамед Синвар и десет негови соработници се пронајдени во тунел во Кан Јунис, објави саудискиот ТВ канал Ал-Хадат, повикувајќи се на извори.

Ал Хадат, исто така, објави дека командантот на бригадата Рафа, Мохамед Шабана, бил убиен во израелските напади заедно со Синвар.

Пред приближно пет дена, ИДФ и Шин Бет извршија напад врз милитантите на Хамас кои беа лоцирани во комплексот под Европската болница во Кан Јунис. Цел на нападот бил Синвар, според Ал-Хадат.

Мохамед Синвар е палестински политичар и воен командант кој е лидер на Хамас во Појасот Газа од октомври 2024 година, откако неговиот брат Јахја Синвар беше убиен во војната Израел-Хамас.

Роден е во 1975 година во бегалскиот камп Кан Јунис, а познат е и како водач на бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас.

Синвар беше вклучен во киднапирањето на израелскиот војник Гилад Шалит во 2006 година и преживеа повеќе обиди за атентат на Израел. Израелските служби го сметаа за еден од клучните организатори на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и еден од најбараните лица во Газа, со награда од 300 илјади долари (269 илјади евра) за информација каде се наоѓа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk