Home » Teлохранителот на Милошевиќ тврди дека атентатот врз Глигоров бил поради тоа што тој сакал Македонија да се врати во Југославија

Teлохранителот на Милошевиќ тврди дека атентатот врз Глигоров бил поради тоа што тој сакал Македонија да се врати во Југославија

by Журнал.мк

Поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, Горан Пајиќ, откри непознати детали поврзани со атентатот на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров.

Според неговите тврдења Глигоров, се договорил со Слободан Милошевиќ дека Македонија да биде дел од новата Југославија. Набрзо потоа беше организиран и атентатот на Глигоров кој го преживеа обидот за атентат.

„Кога во 1995 година беше за малку убиен Киро Глигоров, пред тоа имаше тајна средба во Белград со Слободан Милошевиќ и се договорија Македонија да биде дел од новата Југославија. Меѓутоа, очигледно тоа некому не му одговараше, па организираа убиство“, изјави Пајиќ во емисијата „Добро утро Србија“, , објави „Мондо.рс.“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk