17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Telegram е рај за сајбер криминалците

Најчитани вести

Апликацијата Telegram стана рај за сајбер криминал, покажуваат најновите истражувања.

Компанијата за интернет безбедност Cybint направи истражување со порталот Financial Times на тема сајбер криминал на Telegram.

На сајбер криминалците им е најлесно да тргуваат со украдени податоци и алатки за хакирање преку Telegram, како и да разменуваат информации што би биле корисни за следните напади.

WhatsApp порано беше главното прибежиште на овие луѓе, но откако таа апликација воведе нови правила за приватност, тие се префрлија на Telegram, која во моментов има над 500 милиони корисници.

Најважниот фактор е дека апликацијата е лесно достапна и едноставна, за разлика од подземниот форум на темната мрежа.

Истражувањето на Cybint покажа дека сајбер криминалот се зголемил за 100% на Telegram, и дека количината на нелегални податоци што се разменуваат таму секој ден се зголемила на 300%.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com