Денес остварив телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд.
Во разговорот ја нагласивме заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор го истакнав отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што ја сметаме како поттик за продлабочување на соработката во делот на економските и останатите области од заеднички интерес.
Саудискиот министер ја поздрави одлуката, притоа од негова страна беше изразена подготвеност за натамошно зацврстување на пријателските односи и зголемување на динамиката на политичкиот, економскиот и институционалниот дијалог меѓу двете земји.
Телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд
64