Home » Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп: во фокусот реформите во правосудниот систем

Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп: во фокусот реформите во правосудниот систем

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес попладне оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. Главна тема на разговорот беше евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи.

Фокусот беше на реформите во правосудниот систем, кои се клучни за владеењето на правото и зајакнување на институциите.

Министрите Муцунски и Велдкамп нагласија дека успешната реализација на овие реформи е суштинска за постигнување на европските стандарди и напредокот на нашата држава во ЕУ.

Двете страни потврдија дека борбата против корупцијата останува главен приоритет за нашата земја. Тие го истакнаа значењето на овој предизвик за градење доверба и стабилност во регионот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More