Home » Телефоните од највисоката класа треба да се очекува дека ќе бидат уште поскапи од идната година

Телефоните од највисоката класа треба да се очекува дека ќе бидат уште поскапи од идната година

by Lina Muslija

Нешто што најмалку една година го гледаме кај доста други производи, се најавува како можност и кај највисоката класа на смартфони. Поточно, може да се очекува зголемување на цената на овие производи, а доколку тоа не се случи, може да се очекува намалување на дел од функциите и карактеристиките.

Кај другите производи не ретко видовме комбинација од двете, намалување на „големината“, но сепак зголемување на цената, па ќе видиме во кој правец ќе одат смартфоните, а посебно овие од највисоката класа.

Ова како информација доаѓа од директорот на Redmi брендот кој е под Xiaomi. Тој преку Weibo истакнува дека трошоците продолжуваат да се зголемуваат, па ги прашува корисниците дали повеќе би сакале зголемување на цената или задржување на цената, но намалување на функциите.

Ова секако не може да се гледа како нешто што сигурно ќе се случи, но сепак кога ќе се земат во предвид останатите цени, како и најавата за зголемување на цената на Snapdragon 8 Gen 4 во споредба со моменталната верзија, јасно станува дека работите сепак одат во тој правец.

Трендот на зголемување на цените веќе го гледаме кај дел од новите смартфони кои веќе се претставени оваа година, но трендот сигурно ќе биде „потврден“ во наредните неколку месеци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More