Home » Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења

Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења

by Журнал.мк

Телефони во училница или не? Додека едни наставници забрануваат во текот на наставата ученици да поседуваат телефони, па учениците ги оставаат или во кутии или воопшто не ги носат на училиште-таков е примерот во неколку скопски општини, други наставници сметаат дека телефоните се важни за поинтерактивна настава. Решавање квизови, користење апликации кои ќе им помогнат на учениците полесно да ги научат лекциите.

Министерката за образование смета дека учениците кои немаат телефони при наставата се повеќе фокусирани на учењето, но сепак се потребни во современата настава. Затоа ќе се прави анализа каков е ефектот од забрана за телефони во училниците, но сепак Јаневска вели-одлуката треба да ја донесат општините заедно со менаџментот на училиштата.

Најчесто користени апликации кај младите пак се тик-ток и инстаграм, а дел од нив повеќе од половина од денот седат на телефон.

За Тикток предизвиците поради кои голем број на ученици за време на училишниот ден завршија во амбулантите со повреди, од детската амбасада Меѓаши велат дека мора да има постојано разговори на релација родител дете и да им се укажува за штетните последици од актуелните трендови.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за безбеден интернет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk