Home » Тeкстилците бараат реални и конкретни мерки за јакнење на секторот

Тeкстилците бараат реални и конкретни мерки за јакнење на секторот

by Журнал.мк

Реални и конкретни решенија, наспроти досегашните популистички мерки. Само на овој начин ќе се задржат работниците во производствените капацитети, категорична е преседателката на штипското здружение Гласен текстилец, Кристина Ампева. Ниските плати и непочитувањето на работничките права, се причини за бројот на вработени во реалниот сектор да биде десеткуван.

„ Ние сакаме да збориме за покачување на плататите во реалниот сектор од којшто зависи јавната администрација. Мора да се разговара за долгорочни решенија, за тоа како стопанството да биде подобро, како економијата да биде посилна, стандардот на работниците да биде подобар. Не се потребни политички меерки од денес за утре, кои подоцна ќе бидат изедени како плати„ изјави Кристина Ампева, претседателка на ЗГ„Гласен текстилец„-Штип.

За да се зачуват работните места, потребно е стимулирање на сопствени бренди, наспроти досегашната пракса шиење за странските партнери. Штип ги има сите предиспозиции за целосна реинкрарнација на текстилниот сектор. Затоа општината, преку меѓународната организацијата АКТЕ, ќе црпи искуство од европски градови, кадешто конфекционерството е главна развојна гранка.

„Во најголем дел од овие градови имаат и средно текстилно училиште, имаат и академии и факултети во областа на текстилната индустрија и тоа се основните предуслови за развој на оваа индустрија. Ние ги имаме сите основи за овозможување на развој на овој сектор„ вели Вишна Шорова-Ангелова, секретар на Општина Штип.

Токму и преку АКТЕ беа организирани Денови на мода во Штип, каде штипски текстилни компании ги преставуваа своите брендови. Од утре почнува и осмата по ред Текстелијада, на која за подобрување на работничките права ќе зборува и Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk