8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Техника 5-4-3-2-1: Ја блокира депресијата, анксиозноста и ве оддалечува од негативните мисли

Најчитани вести

Кога сме загрижени за нешто или пак се „фаќаме“ во состојба на неудобност, анксиознос и депресија, нашиот мозок се фокусира на размислување за проблемите поради кои сме влегле во таквите проблеми.

Постојаното размислување за изворот на проблемот може само да ја влоши ситуацијата. Колку повеќе размислувате за тоа, послаба е способноста да го најдете вистинското решение, а истовремено се развива и емоционален стрес кој што ја влошува способноста за рационално размислување и носење одлуки.

Техниката 5-4-3-2-1 дава решение за таквите проблеми.

Благодарение на оваа метода од секоја ситуација ќе излезете како победник. Вистинска стратегија на намалување на тегобите во такви ситуации и избегнување на мислите кои што ве оптеретуваат.

Со оглед на тоа што не е возможно да го „исклучите“ вашиот мозок, оваа техника може да ви помогне. Ќе го пренасочи фокусот од тешките мисли кои што ни пречат на патот кон успехот.

Кога ќе ја усвоите оваа техника, стресот и непријатноста исчезнуваат, така што мозокот станува поопуштен и поспособен да пронајде решение за секој проблем. Ослободувањето е првиот чекор кон голем успех.

Опуштете се и размислете за следните работи:

5. Наброј пет предмети со различни бои кои што се наоѓаат во вашето видно поле (пример, зелена завеса, кафеав под, црна даска, жолта маса, бела шолја).

4. Наброј четири чувства, луѓе или работи кои те прават среќни.

3. Избери три звуци (пример, звук од автомобил, звук на говор, клима уред…).

2. Наброј два мириса (пример, омилен парфем или мирисот на кафето).

1. Изберете еден вкус (пример, чоколадо кое го јадете, па насочете ги мислите кон неговото топење во вашата уста, менувањето на неговата текстура).

Ова е еден вид медитација која што за неколку минути ќе ви го одвлече вниманието од лошите мисли. Иако на почеток изгледа банално, оваа техника навистина има ефект.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести