Home » Технички проблеми со веб-страницата на ДИК, продолжен рокот за пријавување на дијаспората

Технички проблеми со веб-страницата на ДИК, продолжен рокот за пријавување на дијаспората

by Журнал.мк

Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија.

Оттаму додаваат дека техничкиот проблем се случил во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот.

Од таа причина, нагласуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More