Home » Течноста која досега се фрлаше во отпад е новата „суперхрана“: Научниците ги утврдиле нејзините бројни позитивни својства

Течноста која досега се фрлаше во отпад е новата „суперхрана“: Научниците ги утврдиле нејзините бројни позитивни својства

by Lina Muslija

Маслиновото масло, опишано како „течно злато“ во Хомеровата „Илијада“, е познато по своите позитивни ефекти врз здравјето. Но, научниците сега утврдија дека отпадните води од мелниците за обработка на маслинки би можеле да бидат уште помоќна „суперхрана“.

Оваа вода останува откако маслинките ќе се сомелат и ќе се одвои маслото од нив. Претходно се сметал за малку тежок дел од производството на маслиново масло, бидејќи, ако не се одвои правилно, може да ја контаминира почвата и чистата вода. Сепак, експертите сега ја фалат поради заштитниот и антиинфламаторен потенцијал, пишува „The Guardian“.

 

 

Откако слушнале за одгледувачите на маслинки кои ја пијат оваа отпадна вода од здравствени причини, тие започнале со истражување. Ваквата течност е полна со фитохемикалии, особено полифеноли кои придонесуваат за здравјето на цревата.

Италијанската научничка Адријана Албини ја проучува оваа отпадна вода веќе 10 години. Таа открила дека може да помогне во превенција и лекување на одредени видови на рак, вклучувајќи рак на бели дробови, простата, дебело црево и дојка.

 

 

 

Други истражувања покажале дека таа може да биде корисна за физичкото закрепнување, подобрување на метаболизмот и ублажување на кардиоваскуларните и невролошки заболувања.

Оваа отпадна вода содржи најмалку 30 различни видови полифеноли, меѓу кои најзастапен бил хидрокситирозолот. Тој помага да се одржи здравјето на мозокот и срцето, како и да се намали воспалението во организмот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More