Пејачката Tea Таировиќ, која неодамна се омажи за својот долгогодишен партнер Иван Вардај, откри досега непознати детали од свадбата и љубовната приказна што ги освои срцата на нејзините фанови.
„Беше навистина весело, со многу шампањ, музика и радост“ – раскажа Таировиќ.
Од колешките, на веселбата беа присутни само Барбара Бобак и Сања Вучиќ.
Тие се мои блиски пријателки приватно – откри Tea.
За првиот брачен танц, младенците избрале песна која предизвика изненадување кај некои, додека на другите им изгледала сосема логична.
Пејачката откри дека Иван ја освоил уште на прв поглед:
Очите му се светли, ми се допаднаа веднаш. Ме освои со смиреноста – која мене ми недостасува – со шармот, истрајноста… можам долго да набројувам.
Во разговорот беше спомната и можна бременост, но Tea со насмевка ги демантираше гласините:
Не сум бремена, тоа морам да го разјаснам.
Да потсетиме, свадбата беше организирана далеку од љубопитните очи, а околу полноќ, Tea ја смени венчаницата со црвен фустан – симбол на љубовта, среќата и плодноста.